Поранешниот генерален директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Мохамед ел Барадеј ќе биде именуван за привремен премиер на Египет, соопшти неименуван египетски владин претставник.
Египетските државни медиуми информираа дека привремениот претседател на Египет, Адли Мансур го повикал Ел Барадеј на разговори во Претседателската палата, без да соопштат повеќе детали.