Мохамед ел Барадеј: Морси треба да распише предвремени избори

Од:

Сите противници на претседателот Мохамед Морси треба да излезат денеска на улиците и да бараат предвремени избори, повика лидерот на опозициската партија „Дустур“ и добитник на Нобеловата награда за мир Мохамед ел Барадеј.

– Сите во Египет треба да ја покажеме желбата за враќање пред избирачките кутии и повторно да започнеме со градење на домот во кој живееме, изјави поранешниот генерален директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ).

egipedd

Според Барадеј, најважните цели на револуцијата – Египќаните да живеат човечки и со нив да се однесуваат човечки, не се исполнети.

– Сметаме дека се доведовме во слепа улица и дека земјата ќе стигне до бездна не само затоа што претседателот е од „Муслиманското братство“, кое управува едностано, туку и затоа што владејачкиот режим е целосно неадекватен. морси не е способен да ја води земјата напред, истакна Барадеј.

Денеска се одбележува една година од инаугурацијата на претседателот Морси. Десетици илјади негови противници планираат масовни протести со барање за негова оставка.

Илјадници луѓе започнаа да се собираат уште во текот на ноќта на главниот плоштад во Каиро.

Би можело да ве интересира

Египет: Еден турист загина во напад на ајкула, а друг е повреден

(ВИДЕО) Товарен брод тоне во близина на египетскиот брег на Црвеното Море, се заканува голема катастрофа

Петмина преживеани пронајдени еден ден по бродоломот во Црвеното Море

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет