Могерини: Воспоставување мир во Сирија нема да ја спречи бегалската криза

Од:

Европската унија ќе биде соочена со голем миграциски бран дури и доколку по некое чудо меѓународната заедница успее да стави крај на конфликтот во Сирија, изјави денеска високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини, јави ДПА.

– Да не се самозалажуваме. Денес во центарот на вниманието е Сирија со четири милиони бегалци во странство и осум милиони раселени лица на нејзина територија. Освен Сирија сепак во цел свет има војни, глад, сиромаштија, истакна Могерин за италијанскиот весник „Република“.

– Дури и доколку се случи чудо и утре да го решиме сирискиот проблем, Либија ќе остане отворен и неконтролиран коридор кон Европа, се додека не успееме да ја вратиме стабилноста во таа земја. А освен Либија, тука е и цела Африка, рече таа.

Могерини нагласи дека ЕУ треба да биде подготвена да ги реформира правилата за доставување азил преку квалификувано мнозинство, како што стори оваа недела кога ја донесе одлуката за прераспределување на 120 илјади кандидати за азил, надминувајќи ги спротивставувањата на Чешка, Унгарија, Романија и Словачка.

Би можело да ве интересира

Филипче: Мицкоски има обврска пред граѓаните и пратениците да го каже планот за евроинтеграцијата на Македонија

Предраг Петровиќ

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Со предавање за Европската конвенција за човекови права започна Школата за јавни политики „Мајка Тереза“

Мицкоски: Владата никогаш нема да отстапи од членството во ЕУ, но без дополнителни понижувања и отстапки

Предраг Петровиќ

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?

Во израелски напад на Дамаск загина и познатa сириска новинарка