Могерини: Поради изборите во источна Украина можен е неуспех на мировните преговори со Москва

Од:

Поради незаконските избори, што проруските сепаратисти во неделата ги организираа во источна Украина, има опасност од неуспех на мировните преговори со Москва, изјави новиот висок претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини.

– Главниот ризик денес, според мене, е тоа што ќе се пропушти можноста за внатрешен дијалог, а исто така и за дијалог со Русија за мировниот план што се темели на прогласеното примирје во септември во Минск, рече Могерини.

На средбата на 17 ноември министрите за надворешни работи на 28-те земји од ЕУ ќе ја разгледаат ситуацијата со санкциите на Унијата кон Русија, рече шефицата на европската дипломатија, цитирана од ТАСС.

– Процесот во однос на санкциите ќе продолжи и во следните недели. За 17 ноември е планиран Советот на ЕУ за надворешни работи. Украина со сигурност ќе виде на дневниот ред, посочи Могерини по средбата со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

Според неа, сега е најважно да се најде решение за мирно надминување на конфликтот во источна Украина.

Неопходно е да се води отворен дијалог со Русија за излез од кризата во источна Украина. Нужна е цврста и решителна реакција на активностите на Москва, со почитување на отворениот дијалог со Русија, подвлече Могерини.

Би можело да ве интересира

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: За мене ова е диктат, ако е ова условот за Македонија да продолжи да преговара тогаш не благодарам

Горан Наумовски

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

Борисов и Петков: Скопје да одлучи – внесување на Бугарите во Уставот или патот кон ЕУ ќе остане затворен

Главчев: Македонија едноставно треба да ги исполни барањата на ЕУ