Могерини: Нормализацијата на односите меѓу Белград и Приштина останува приоритет за ЕУ

Од:

Високата претставничка на Европската унија за надворешна и безбедносна политика Федерика Могерини денеска најави дека во јануари ќе ги повика српскиот и косовскиот премиер на нов состанок, додавајќи оти нормализацијата на односите меѓу Белград и Приштина останува приоритет за ЕУ.

– Се радувам на продолжувањето на нашата важна работа на нормализацијата на односите меѓу Белград и Приштина. За ЕУ и за мене лично тоа останува висок приоритет, посочи Могерини по состанокот со првиот потпретседател на косовската Влада и министерот за надворешни работи Хашим Тачи.

Могерини и Тачи денеска разговараа за напредокот на Косово.

– Се согласивме дека сега, кога во Приштина е формирана нова Влада, треба со интензивирано темпото да продолжи работата во рамките на реформската агенда на ЕУ за да се овозможи напредок идната година, како во внатрешниот развој на Косово, така и на патот кон ЕУ, наведе Могерини.

Тачи посочи дека новата косовска Влада е подготвена за примена на Бриселскиот договор и за продолжување на дијалогот за нормализацијата на односите меѓу Белград и Приштина.

– Тоа најверојатно ќе биде во втората половина на јануари, а ние сме подготвени да го примениме постоечкиот и да разговараме за нови договори со Србија, истакна шефот на косовската дипломатија по средбата со еврокомесарот за соседска политика и преговори за проширување Јоханес Хан.

Тачи истакна дека главен приоритет на новата Влада ќе биде либерализација на визниот режим за граѓаните на Косово и подготовките за потпишување на Договорот за стабилизација и асоцијација со ЕУ.

– Постојат многху конкретни работи кои треба да се направат за Косово да биде ставено на белата шенгенска листа, пред се воспоставување на владеењето на правото, наведе Хан.

Би можело да ве интересира

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: За мене ова е диктат, ако е ова условот за Македонија да продолжи да преговара тогаш не благодарам

Горан Наумовски

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

Борисов и Петков: Скопје да одлучи – внесување на Бугарите во Уставот или патот кон ЕУ ќе остане затворен

Главчев: Македонија едноставно треба да ги исполни барањата на ЕУ