Могерини: ЕУ поставува офицери за безбедност во своите мисии

Од:

Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини изјави денеска по состанокот со шефовите на дипломатии на земјите од Унијата во Брисел дека Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС) во рамки на борбата против тероризмот ќе постави офицери за безбедност во своите мисии во странство.

– Мисиите во релевантните земји ќе имаат свои офицери за безбедност, изјави таа пред новинарите во седиштето на Европската комисија.

Одговарајќи на новинарско прашање Могерини истакна дека тоа не претставува зачеток на европската разузнавачка служба.

– Сите се согласуваме дека е потребно да се подобри координацијата и размената на податоци за терористите, а офицерите за безбедност се еден инструмент, кој ни е неопходен за тоа, додаде таа.

Могерини изјави дека министрите денеска се договориле значително да ја зајакнат меѓусебната соработка за сузбивање на тероризмот, но и да ја интензивираат со земјите од Блискиот Исток, Африка и Азија, бидејќи тие се соочуваат со истиот проблем.

– Имаме двојни стандарди, бидејќи често говориме само за своите жртви, а забораваме дека најголеми жртви се муслиманите и народите во Африка, укажа таа.

Могерини изјави дека на состаникот е договорено во соработка со Европскиот парламент да се најде решение за воспоставување на заедничка европска база на податоци за патниците во авиосообраќајот, која ЕП пред четири години ја блокираше поради стравувањето дека може да ја загрози приватноста на граѓаните.

Во таквата база на податоци имињата и личните податоци на патниците, како што се адреси, броеви на пасоши и дестинации би се чувале најмалку пет години и би им биле достапни на службите за безбедност.

На денешниот состанок на министрите станало збор и за односите со Русија, ситуацијата на Блискиот Исток и климатските промени, а кусо било разговарано и за Босна и Херцеговина.

Би можело да ве интересира

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: За мене ова е диктат, ако е ова условот за Македонија да продолжи да преговара тогаш не благодарам

Горан Наумовски

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

Борисов и Петков: Скопје да одлучи – внесување на Бугарите во Уставот или патот кон ЕУ ќе остане затворен

Главчев: Македонија едноставно треба да ги исполни барањата на ЕУ