Мобилна апликација детектира заразеност со Ковид-19 преку анализа на гласот

Од:

Научници тврдат дека развиле апликација за мобилни телефони што може со висока прецизност да детектира заразеност со Ковид-19 преку анализа на гласот.

Всушност, се работи за модел на вештачка интелигенција со 89 отсто точност. Како што се појаснува, цената не е висока, па може да се користи и во земји со ниски приходи каде ПЦР тестовите се скапи.

Резултатите се добиваат за помалку од една минута.

Технологијата е развиена врз основа на податоци од апликацијата „КОВИД-19 Саундс“ на Универзитетот Кембриџ, јави Скај њуз.

Вклучени се 893 аудио снимки на 4.352 здрави и болни лица. Тие дале податоци за својата историја на болести, навеле дали се пушачи, а потоа ги снимале своите респираторни звуци како кашлање и читале кратки реченици.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

ВИДЕО: Одмазда на Кинезите, Трамп ја засилува трговската војна со сите

Кина не сака присилно раселување на Палестинците од Газа

Силен земјотрес во Кина

Во сила се царините на Трамп за Кина, експресен одговор на Пекинг

(ВИДЕО) Експлозија во трговски центар во Кина – ранети лежат на улица

А1он