Мнозинството Германци веруваат дека нивната земја е безбедна

Од:

Мнозинството Германци веруваат дека Германија е безбедна земја и покрај неодамнешниот напад на божиќниот пазар во Берлин, кога беа убиени 12 лица, покажаа резултатите од најновата анкета.

Според неа, 73 отсто од граѓаните навеле дека се чувствуваат сигурно во Германија, додека 26 проценти изјавиле дека не се чувствуваат безбедно, а еден отсто одбиле да одговорат, пренесуваат американските медиуми.

Дека безбедно се чувствуваат навеле и припадниците на сите партии, освен членовите на Алтернатива за Германија, од кои 66 отсто кажале дека стравуваат за својата сигурност.

Резултатите од одвоената анкета покажаа и дека поддршката за коалицијата предводена од германскиот канцелар Ангела Меркел, и покрај нападот на божиќниот пазар, е нарасната за околу два отсто, пренесуваат британските медиуми.

На 15 отсто е нарасната и поддршката за Алтернатива за Германија, додека поддршката за малциснкиот партнер во Владата на Меркел – Социјалдемократската партија е опадната на 20 проценти.

Би можело да ве интересира

„Црниот мраз“ ја парализира Германија: Повеќе од 260 сообраќајки, затворени училишта и патишта

AfD подели илјадници лажни авионски билети на мигрантите за депортација

Ако не е произведено во Дубаи, не смее да се рекламира како „Дубаи чоколадо“, реши суд во Германија

Автобуска несреќа во Германија: Најмалку двајца загинати, има многу тешко повредени

АфД ја именуваше Алиса Вајдел за свој кандидат за канцелар на претстојните избори

Протести против АфД во Германија, полицијата употреби солзавец против демонстрантите