Мнозинството Европејци сметаат дека ЕУ ќе исчезне за дваесет години

Од:

И покрај рекордно високата поддршка за Европската Унија кај граѓаните, тие не веруваат дека таа ќе опстои во наредните десет до дваесет години, според анкета на тинк тенкот Европски совет за надворешни односи, ЕЦФР.

Граѓаните во Словачка, Франција, Романија, Полска и Италија се на врвот на листата на песимисти за иднината на ЕУ, со над 50 отсто луѓе убедени дека таа ќе се дезинтегрира до 2040-та година. Додека пак Шпанците, Швеѓаните и Данците остануваа поголеми оптимисти, иако и таму околу 40 отсто граѓани мислат дека ЕУ нема да постои за дваесет години.

Третина од испитаниците во Франција и Полска мислат дека е можна војна во ЕУ.

Анкетата доаѓа една недела пред стартот на круцијални избори за Европскиот Парламент каде многумина стравуваат од загрижувачки подем на екстремната десница и популистите.

Песимизмот кон ЕУ е најсилен кај оние кои планираат да гласаат за екстремната десница на изборите или кои воопшто немаат намера да гласаат.

Паралелно, ЕЦФР констатира дека европските граѓани се соочуваат со влошена финансиска состојба и дека во некои земји дури третина од нив немаат доволно пари на крајот на месецот.

Останува дека, според последниот Евробарометар, две третини од Европејците имаат позитивни чувства кон Европската Унија, што е највисока регистрирана стапка од 1983-та година. А над 90 отсто од граѓаните во ЕУ сметаат дека ќе изгубат многу ако колабира Европската Унија, посебно во делот на слободната трговија, и слободното движење во другите земји на ЕУ.

Би можело да ве интересира

Лавров: Ефектот на „вакцината“ против нацистичкиот „вирус“ на Запад е значително ослабен

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Аракчи најави можност за почеток на преговори меѓу Иран и Европа

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп