Повеќе од една четвртина од младите Британци на возраст меѓу 18 и 24 години, не им веруваат на муслиманите, покажува истражувањето на лондонската агенција „Комрес“.
Истражувањето открива дека над 27 отсто од младите немааат доверба во муслиманите во земјата, додека помалку од една третина или 29 отсто од нив сметаат дека тие прават доволно за да се справат со екстремизмот во својата заедница.
Околу 28 отсто акетирани се уверени дека на Велика Британија ќе и биде подобро доколку има помалку муслимани, а други 44 проценти мислат дека британските муслимани не ги делат истите вредности како сите другите со кои живеат.
Анкетата на „Комрес“ е спроведена во текот на јуни, помалку од еден месец по бруталното убиство на британскиот војник Ли Ригби, кој беше заклан среде ден на улица во Лондон, од двајца британски муслимани.
Околу 48 отсто од младите Британци, сепак, веруваат дека муслиманската религија, во основа, е мирољубива, наспроти 29 отсто кои сметаат дека не е така.
Најголема подвоеност околу муслиманите во Велика Британија, младите Британци имаат кога станува збор за имиграцијата од муслиманските земји и за тоа дали е таа корисна или штетна за земјата. Вкупно 42 отсто од анкетираните мислат дека генерално, странските имигранти се корисни за државата, додека 35 проценти имаат сосема спротивно мислење.
Младите имаат поделено мислење и околу прашањето за тоа кој е виновен за создавањето на исламофобијата во земјата, па 26 отсто од нив сметаат дека вината е во терористичките напади изведени во странство, 23 отсто за тоа ги обвинуваат домашните медиуми, додека според 21 отсто од младиите Британци исламофобијата се должи на учеството или извршувањето на терористички напади од страна на британските муслимани.