Мјанмар: Опозицијата не ги признава изборите и бара свикување нови

Од:

Најголемата опозициска партија во Мјанмар, Унијата на солидарност и развој, денеска соопшти дека нема да ги признае резултатите од општите избори одржани минатиот викенд и апелираше до властите да свикаат нови избори со помош на армијата.

Опозициската партија поддржана од армијата побара итно да се распишат нови избори за да може гласањето да се спроведува слободно, праведно и непристрасно, без валкана кампања.

Опозициската Унија на солидарност и развој го испрати своето барање во време кога стана јасно дека владејачката Национална лига за демократија е на пат да победи на изборите вторпат по ред.

Поради бројни изборни нерегуларности и кршење на антиепидемиските мерки од страна на конкурентската партија Национална лига за демократија предводена од Аунг Сан Су Чи, поранешна дисидентка, добитничка на Нобеловата награда за мир во 1991 година, а потоа и најпопуларна политичарка во Мјанмар, Унијата за солидарност и развој бара одржување нови избори.

Би можело да ве интересира

Тајфунот Јаги усмрти најмалку 74 лица во Мјанмар

Воен авион од Мјанмар се излизга од пистата при слетување, има повредени

(ВИДЕО) Одрон во рудник за жад во Мјанмар, загинаа 32 рудари

Амнестија за 7.012 затворенции во Мијанмар по повод одбележувањето на Денот на независноста

А1он

Канада со нови санкции кон Русија, Иран и Мјанмар

А1он

ВИДЕО: Најмалку 80 цивили загинаа во воени воздушни напади за време на концерт во Мјанмар

Ана Ололовска