Мјанмар: Одбиено барањето за пуштање од притвор и нови обвиненија против американскиот новинар Дени Фенстер

Од:

Властите на Мјанмар го одбија барањето на американскиот новинар Дени Фенстер за ослободување со кауција, по четири месеци минати во притвор, соопштија денеска неговите адвокати, додавајќи дека со новите обвиненија што му се подготвуваат на новинарот му се заканува казна од 11 години затвор.

Фенстер (37) е главен уредник на „Frontier Myanmar“, еден од водечките независни сајтови во земјата.

Тој е еден од новинарите што се уапсени по соборувањето на демократски избраната влада на Аунг Сан Су Чи, во февруари.

Фенстер е обвинет за поттикнување и незаконско здружување, а според адвокатите дополнително се товари и за прекршување на законот за имиграција.

Семејството на Фенстер соопшти дека обвинетиот откако е притворен прележал Ковид-19, но дека неговата здравствена состојба сега е стабилна.

Здружението за помош на политички затвореници на почетокот на годинава објави дека 5.224 лица се затворени во врска со протестите против воениот удар. Организацијата води детална евиденција за уапсените и убиените во политичкиот конфликт во земјата.

Би можело да ве интересира

Во разорниот земјотрес во Мјанмар загина и Силиме која беше прва носителка на титулата „Мис туризам“

Се зголемува бројот на загинати во земјотресот во Мјанмар

Пет дена по земјотресот спасен e маж од под урнатините во Мјанмар, досега се загинати 2.886 лица

Жена после 91 час е извлечена од урнатините по земјотресот во Мјанмар

Нов силен земјотрес го погоди Мјанмар: Повторно се тресе тлото

Горан Наумовски

ВИДЕО: Драстично зголемен бројот на жртви од земјотресот во Мјанмар

Катерина Ѓуровски