Мјанмар: Ново обвинение против поранешната премиерка

Од:

Судот во Мјанмар денеска поднесе уште едно обвинение против соборената од власт премиерка Аунг Сан Су Ќи, изјави за Ројтерс нејзиниот адвокат Мин Мин Сое, пренесува Скај њуз.

Су Ќи изгледала здраво додека го слушала обвинението преку видео врска, иако е евидентно дека ослабена неколку килограми, додаде Ројтерс.

Лидерката на Националната лига за демократија (НЛД) не е видена во јавноста откако нејзината влада беше насилно отстранета од власта со воен удар на 1 февруари и оттогаш е во затвор.

Првично беше обвинета за нелегално увезување на шест воки-токи, а подоцна, според обвинителството, ги прекршила законите во врска со рестриктивните мерки за време на пандемијата на Ковид-19.

Денеска на списокот беше додадено обвинение, според кое Су Ќи шири информации во јавноста што можат да предизвикаат страв и тревога, како и нарушување на јавниот мир, додаде адвокатот.

Следното рочиште ќе биде на 15 март.

Би можело да ве интересира

Во разорниот земјотрес во Мјанмар загина и Силиме која беше прва носителка на титулата „Мис туризам“

Се зголемува бројот на загинати во земјотресот во Мјанмар

Пет дена по земјотресот спасен e маж од под урнатините во Мјанмар, досега се загинати 2.886 лица

Жена после 91 час е извлечена од урнатините по земјотресот во Мјанмар

Нов силен земјотрес го погоди Мјанмар: Повторно се тресе тлото

Горан Наумовски

ВИДЕО: Драстично зголемен бројот на жртви од земјотресот во Мјанмар

Катерина Ѓуровски