Владата на Мјанмар ќе ослободи повеќе од 3.000 затвореници, бидејќи претседателот Теин Сеин одлучи да ги помилува, поради мир и стабилност.
Репортерот на „BBC“ пренесе дека постојат прелиминарни индиции дека некои од ослободените затвореници, се поранешни воени разузнавачи, иако повеќето политички затвореници во поранешна Бурма беа ослободени како „дел од реформски процес“.
Групите за заштита на човекови права сметаат дека само уште неколку стотици лица останале во затворите.
Претседателот на Мјанмар кој дојде на власт во 2010 година, вети дека ќе ги ослободи сите политички затвореници.
Е. Г.