На последниот попис на населението во Мјанмар се регистрирани 51 милиони жители, а не 60 милиони, како што се претпоставуваше пред пописот.
Како и во повеќето азиски земји, во Мјанмар е побројна женската популација. Статистичарите избројале 1, 7 милиони повеќе жени од мажи.
Пописот во Мјанмар, спроведен во мај годинава, е прв по 1983 година, одржан под инструкции на владејачката воена хунта и според многумина, со неточни резултати.
Сегашниот попис е оддржан под покровителство на Обединетите Нации.