Митинзите на приврзаници и противници на исламистите во Египет по првпат без жртви

Од:

Големите митинзи на приврзаници и противници на исламистите во Каиро и Александрија по првпат во последно време поминаа вчера без жртви.

– Во болниците биле примени 29 лица со лесни трауми, главно повреди и исекотини, изјави шефот на главната управа за итна помош и интензивна нега.

Тој рече дека располага со податоци од Каиро, Александрија, како и од провинциите Гиза, Минуфија, Дакахлија и Гарбија, каде имало судири.

Вооружени мажи нападнаа вчера воен пункт во северниот дел на Синајскиот полуостров и убија еден војник. Нападот бил во близина на градот Ел Ариш, каде исламистички активисти во петокот ја презедоа зградата на локалната управа.

Би можело да ве интересира

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро

Египет бара формирање независна држава Палестина