Митерленер: И Австрија треба да воведе контроли на границите

Од:

Австриската Влада е поделена околу прашањето за воведување контроли на своите државни граници, откако тоа го стори Германија. Социјалдемократите (СПО) се залагаат за натамошни контроли според принципот на случаен примерок, со цел да се продолжи борбата против криумчарите, додека Народната партија (ОВП) сака детални контроли на границата.

Австрискиот вицеканцелар Рајнхолд Митерленер порача дека Австрија мора да делува поради неконтролираното доаѓање на бегалци и дека структурите за хуманитарна помош и австриското општество не смеат да бидат загрозени.

-Потребно е следење на сигналот на Германија. Доколку Германија воведува гранични контроли тоа мора да го стори и Австрија. Тоа е јасен сигнал за бегалците дека веќе нема неконтролирано минување на границата, смета лидерот на ОВП.

Тој изјави дека тоа треба да се направи со посебен сензибилитет, а не со бодликава тел.

Шенгенските правила за слободно движење во ЕУ, со овие мерки ќе бидат ставени надвор од сила, додаде тој.

-Тоа е засилување на контролата во рамки на Шенген. Десет дена секоја земја може да врши контроли, потсети Митерленер.

Австрискиот канцелар Вернер Фајман, Митерленер и министерката за внатрешни работи Јохана Микл-Лајтнер утре патуваат во Германија, каде ќе се сретант со германската канцеларка Ангела Меркел, за да разговараат за новата мерка на Берлин.

Од тие причини СПО бара да се сочека резултатот од овој состанок, па дури потоа да се донесе одлука за евентуалното воведување гранични контроли, додека ОВП сака тоа веднаш да се направи.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Турција го отвора преминот Јајладаги за безбедно враќање на сириските мигранти

Русија: Евакуиравме над 30.000 луѓе од пограничните области со Украина

Месечната социјална помош на едно сириско семејство од 6.000 евра предизвикаа големи полемики во Австрија

Предраг Петровиќ

УНХЦР: 186.000 мигранти и бегалци пристигнаа во земјите од јужна Европа

Ердоган и Киличдароглу не сакаат Турција да е „магацин“ за сириските бегалци

Горан Наумовски

УНХЦР: Во 2022 година 100 милиони луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови