Првата дама на САД, Мишел Обама зборуваше пред присутните за време на националната конвенцијата на Демократската партија во Северна Каролина.
Мишел Обама потсети дека нејзиниот сопруг го поддржа даночното олеснување за работничките семејства и малите бизниси, со цел да се „спаси економијата од колапс“, и дека го прифати тешкото реформирање на здравствениот систем заради подобрување на неговата работа.
Таа укажа дека Барак Обама постојано инсистира на обезбедување подобри услови за школување на учениците и студентите и дека тој го потпиша законот за забрана на женската дискриминација, „не од политички причини, туку затоа што веруваше дека тоа е правилно и е во корист на сите генерации“, рече Мишел.
„Тој верува дека жените се повеќе способни и имаат контрола на своето тело и здравје“, изјави сопругата, притоа посочувајќи ја очигледната разлика помеѓу демократите и републиканците, кога станува збор за правото на абортус.
Во својот прилично емотивен говор пред присутните таа се повика и на „традиционалнато“ американска изрека за исполнувањето на „американскиот сон“, ветувајќи дека таа и нејзиниот сопруг силно се залагаат за основните права на обичните луѓе да можат да постигнат успех.
„Барак знае што значи „американскиот сон“, бидејќи тој така и живее. Тој посакува секој во оваа земја да ги има истите шанси, без разлика кој е, како изгледа, од каде е или кого сака. Тој верува дека ако некој работел и успеал да ја искористи својата шанса, тогаш не треба да им ја затвори вратата на оние кои стојат зад него и да им ја срати можноста и тие да успеат“, истакна Мишел, по што следеа големи овации од публиката.