Мировните преговори за Јемен завршија денеска без договор и датум за нови преговори, изјави пред новинарите во Женева министерот за надворешни работи на владата во егзил Ријад Јасин.
– За жал, делегацијата на Хути не ни дозволи да оствариме напредок на каков се надевавме, рече тој.
јасин сепак не сакаше преговорите да ги оквалификува како неуспешни, туку рече дека ќе ги продолжи напорите заедно со ОН и меѓународната заедница.
– Нема датум за нови консулатции, прецизираше тој. дополни дека владата, која е призната од меѓународната заедница, „се уште е оптимистична дека ќе се постигне мировно решени под покровителство на ОН“.