Мирослав Лајчак поднесе оставка поради скандалот по објавувањето на документите од случајот Епштајн

Од:

Мирослав Лајчак, поднесе оставка од функцијата советник на словачкиот премиер Роберт Фиц откако неговата комуникација со осудениот сексуален престапник Џефри Епштајн беше објавена, објавија денес словачките медиуми.

Премиерот Фицо објави дека ќе ја прифати оставката на Лајчак, со остри критики кон неговите противници, за кои рече дека долго време не видел „толку лицемерие“, објави порталот Дневник Н.

„Миро повторно се докажа како одличен дипломат и ја прифаќам неговата понуда да ја прекинеме нашата соработка, иако сите ние, не само јас, губиме неверојатен извор на искуство во дипломатијата и надворешната политика. Чудно е што слична симбиоза на медиумите, опозицијата и владините партии не го таргетираше лидерот на опозицијата Шимечек, кој, преку измама со грантови на ниво на Словачка и ЕУ, претставува значително поголем ризик за угледот на нашата земја отколку советникот на премиерот, Мирослав Лајчак“, се вели во соопштението на Фицо.

Нови судски документи поврзани со Џефри Епштајн беа објавени во Соединетите Американски Држави во петок, а меѓу нив е и комуникацијата на Мирослав Лајчак со осудениот сексуален престапник.

Тоа е најголемиот збир документи за Епштајн објавени досега, кој вклучува околу три милиони страници, 180.000 фотографии и 2.000 видеа.

Епштајн, милионер познат по своите врски со голем број влијателни и познати личности, почина во затвор во 2019 година додека чекаше федерално обвинение за трговија со луѓе заради сексуална експлоатација. Неговата смрт беше прогласена за самоубиство од страна на њујоршкиот мртовечник.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Четворица астронаути тргнаа на пат кон Месечината

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Голем ракетен напад на Иран врз Израел

Зеленски призна: „Ситуацијата е напната“

Иран: Трамп лаже, не бараме прекин на огнот

Трамп: Ќе се повлечеме од Иран доста брзо, апсолутно размислувам за напуштање на НАТО

Предраг Петровиќ

Цензура или демократија: Хаос и критики во Франција поради интервју со Сергеј Лавров