Министрите за надворешни работи на Европската унија денеска ќе одржат онлајн состанок со цел да се донесат дополнителни мерки за поддршка на Украина, најави шефот на дипломатијата на ЕУ, Жосеп Борел.
Борел на Твитер објави дека в недела во 18 часот свикал онлајн состанок „со цел да се усвојат дополнителни мерки за поддршка на Украина, против руската агресија“. Тој додаде дека ќе предложи пакет за брза помош на украинските вооружени сили со цел да ги поддржи во „нивната херојска борба“.
„За утре во 18 часот свикав виртуелен состанок на Советот на министри со цел да договорам дополнителни мерки за поддршка на Украина против руската агресија. Ќе предложам пакет за брза помош за украинските воени сили за да ги поддржам во нивната херојска борба“, напиша Борел на Твитер. Тоа че биде четврта средба на министрите за надворешни работи на ЕУ за само една недела.
Извор: МИА