Министрите за култура на државите од Европската унија денеска ветија дека ќе ја бранат слободата на изразување од тероризмот.
Во соопштение министрите велат дека „бесмислениот варваризам“ на нападите е насочен кон уништување на европските вредности на „најнасилен начин“.
– Ние министрите за култура во Европската унија, единствени сме во солидарноста во одбраната на слободата на изразување и ветуваме заштита на правата на уметниците слободно да создаваат, се вели во соопштение.
Тие се со став дека не прифаќаат „обиди на терористи да наметнат свои стандарди“.
– Од древни времиња уметноста била инспирација за размислување поттикнувајќи нови идеи и борба против нетолеранцијата и незнаењето, се вели во соопштението.