Министри на земјите членки на ЕУ денеска ќе одржат вонредна средба по барање на Белгија, на која ќе се разговара за терористичките напади во Брисел, соопшти холандскиот министер за правда Ард Ван Дер Стеур, чија земја моментно претседава со Унијата.
За бомбашките напади на аеродромот и метро станицата во Брисел, во кои загинаа најмалку 30 лица, а над 200 се повредени, одговорноста ја презеде групата Исламска држава.
Истрагата е во тек, а полицијата е во потрага по еден од осомничените терористи, кој успеал да побегне од аеродромот „Завентем“.