Зоната околу местото во источна Украина каде се урна малезиски авион, е минирана од проруските сепаратисти, кои го контролираат реонот, изјави Андриј Лисенко, портпарол на Советот за национална безбедност.
Лисенко додаде дека сепаратистите „минирале целосен пристап до местото“ и со тоа се засилуваат стравувањата дека тешко ќе има пристап меѓународната истрага до местото на инцидентот.
– Тоа ја прави работата на меѓународните експерти речиси невозможна – изјави Лисенко.
Тој наведе дека еден украински војник загинал и 11 се ранети во изминатите 24 часа во источна Украина.