Видео: Минимална снежна покривка на Арктикот

Од:

Арктичкиот мраз го достигна својот степен на минимум за годинава, поставувајќи рекорд во ова лето на најниско покривање што го покажаја собраните податоци од сателиткото истражување.

Во 2012 година обемот падна на 3.410.000 квадратни километри (1.320.000 квадратни милји) – 50% пониска од 1979-2000 во просек.

Арктичкиот мраз долго време се смета како чувствителен показател за промените на климата.

Научниците кои го анализираат изненадувачкото топиње велат дека тоа е дел од фундаментална промена.

“Ние сме сега во непозната територија”, изјави Mark Serreze, директор на Националниот центар за снег и мраз (NSIDC) во Колорадо, Америка.

“Ние уште од порано знаеме дека планета се загрева, промените прво најизразено се гледаат на Арктикот, малкумина од нас беа подготвени за толку брзо настанатите промените што всушност се случија.”

Оваа година во летотниот период се достига минимумот на површина со мраз на Арктикот. На 26 август, површината со морски мраз падна на 4,10 милиони квадратни километри (1.580.000 sq mi), поминувајќи го и претходниот рекордна ниско ниво на 18 септември 2007 од 4.170.000 квадратни километри (1.610.000 квадратни милји).

На 4 септември, таа падна под четири милиони квадратни километри (1.540.000 sq mi), најголемиот минимум од почетокот на 33-годишното следење со сателит.

Научниците велат дека тие ги набљудува фундаментални промени на ледената покривка на морињата. На Арктикот е собран повеќегодишниот мраз, или мраз кои преживеале во текот на неколку години.

Би можело да ве интересира

Зеленски: Украинската армија сега е поголема од руската

Четири држави против Украина во НАТО

Масакр во училиште во Словачка: Има мртви и повредени

ВИДЕО: Италијански Ф-35 и руски Сухој на работ на инцидент над Балтичкото Море

Русите на седум километри од Дњепропетровската област, населението известено за заканата

(ВИДЕО) Силна експлозија во ресторан: Шест мртви, осум повредени

Предраг Петровиќ