Во Австрија од 1. октомври стапува на сила законот со кој што се забранува носење на бурки и никаба, а казната ќе изнесува 150 евра.
Меѓутоа, милионер од Алжил, Рачид Неказ, најави дека ќе ги плати сите казни за жените кои што ќе добијат за носење на бурка.
Неказ преку неговата организација ги плаќа сличните казни и во Франција, Белгија, Холандија и Швајцарија. Тој вели дека не е заговорник за носење на бурки, но својот ангажман го објаснува со заштитата на верските слободи.
– Ако се прифаќаат верските слободи, тогаш мора да се прифати и начинот на кој што таа вера се покажува, вели Неказ кој досега има платено околу 300 илјади евра казни.
Себастијан Курц, австрискиот министер за надворешни работи кој ќе се кандидира и за премиер во своите настапи остро ја нападна мигрантската политика и кажа дека не му се допаѓа ангажмот на Неказ.