Мигранти се обиделе преку Ламанш да стигнат во Велика Британија, притворени 36 лица

Од:

Британските власти пресретнале 36 мигранти при обидт да го преминат каналот Ламанш со мали чамци.

Крајбрежната стража и пограничните единици соопштија дека мигрантите биле запрени во три одделни акции додека се обидувале да стигнат до бреговите на Англија.

Во првата акција биле приведени 11 мажи, кои тврделе дека се Иранци и Ирачани. Тие биле префрлени во градот Довер на медицинска помош и сослушување.

Во втората акција бил стопиран помал брод со 15 Ирачани – мажи, жени и деца, а во третата биле приведени девет мажи и една жена од Иран.

Британските официјални лица постојано ги предупредуваат мигрантите за опасностите при обидот да го преминат Ламанш со помали бродови.

Преминување на Ламанш во помали пловни објекти, како што се гумени чамци, најчесто користени од мигрантите, е опасно поради густиот поморски сообраќај, силните струи и ниските температури на водата.

Би можело да ве интересира

Бизарна кражба во тоалет во ресторан во Англија – сопственикот е шокиран

А1он

Затворени 300 пабови: 4.500 луѓе останаа без работа

(ВИДЕО) Маж запали Куран пред турскиот конзулат во Лондон

Првиот авион со мигранти од САД слета во Гвантанамо

САД ќе подготват притвор за 30.000 мигранти во Гвантанамо

Во две акции на полицијата уапсени шверцери на мигранти