Мезиер: ЕУ треба да прими ограничен број на бегалци

Од:

Европската унија неможе бесконечно да прима бегалци, туку треба да прифати само ограничен број од нив, а останатите да ги испрати во некоја безбедна земја во опкружувањето од кое потекнуваат, изјави германскиот министер за внатрешни работи Томас де Мезиер.

– Не можеме да ги прифатиме сите оние што бегаат од зоните на конфликт или од сиромаштијата и кои сакаат да дојдат во Европа или во Германија, изјави Мезиер во интервју за германскиот неделник „Шпигел“.

Според него, ЕУ не треба да се расфрла со релативно великодушни квоти за прием на имигрантите, туку треба да создаде „правни средства за имиграцијата“, со што ќе го ограничи бројот на оние бегалци кои би останеле во европските земји.

– По исполнувањето на тој лимит, остатантите (имигранити) траба да ги испратиме во регионот од кои потекнуваат, на места каде ќе можат да живеат безбедно и каде нема да бидат прогонувани, истакна Мезиер, додавајќи дека ЕУ финансиски би ги поддржала земјите кои ќе примат бегалци.

Мезиер предлага и заострување на прописите поврзани со азилот и враќање на бегалците во првата земја-членка на ЕУ во која влегле.

Би можело да ве интересира

Месечната социјална помош на едно сириско семејство од 6.000 евра предизвикаа големи полемики во Австрија

Предраг Петровиќ

УНХЦР: 186.000 мигранти и бегалци пристигнаа во земјите од јужна Европа

Ердоган и Киличдароглу не сакаат Турција да е „магацин“ за сириските бегалци

Горан Наумовски

УНХЦР: Во 2022 година 100 милиони луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови

Стотици сириски бегалци кои живееја во Либан се вратија во нивните домови

А1он

Чешка и Полска бараат украинските бегалци да почнат сами да се грижат за себе

А1он