Маж од Шведска заврши во болница во Гетеборг откако за малку не го „здроби“ 600 килограма сланина.
Месото паднало над мажот во четвртокот, на одделение за пакување на месо. Под тежината од речиси 600 килограми се нашол откако паднала палета од камион кој превезувал тенко сечена сланина.
– Не знам што точно се случи, но несреќата беше многу необична. Никогаш немам слушнато за вакво нешто, рекол шефот на локалната полиција Питер Адлерсон. За среќа, работникот не е тешко повреден.