Мешал: Израел ќе не убие без разлика дали ќе се спротивставиме или не

Од:

Поранешниот лидер на Хамас, Калед Мешал рече дека палестинската милитантна група држи доволно израелски војници како заложници за да ги разменат за сите палестински затвореници во Израел.

Во ексклузивното интервју за Ал Арабија, Мешал, за кој ТВ станицата со седиште во Дубаи рече дека сега ја води канцеларијата на Хамас за дијаспората, рече дека нападот на Хамас на 7 октомври, кој започна нов бран на израелско-палестински конфликт, бил пресметан и организацијата била целосно свесна за нејзините последици.

„Израел ќе не убие без разлика дали ќе се спротивставиме или не“, рече Мешал.

Тој претходно тврдеше дека меѓу заложниците на Хамас има и високи офицери на израелската армија задолжени за Газа.

Би можело да ве интересира

Повеќе од половина милион раселени Палестинци се враќаат во северниот дел на Газа по 15 месеци

Хезболах ги отфрли причините за продолжување на рокот за повлекување на израелските војници

Хамас: Бројот на загинати во Газа се искачи на 47.283, тела се наоѓаат под урнатините

А1он

Ал Џезира: Израелски воени бродови го гранатираа брегот на градот Газа

Главни точки од договорот за прекин на огнот помеѓу Израел и Хамас

А1он

Израел го потврди историскиот мир во Газа