Меркел: Земјите-членки на еврозоната ќе мора да жртвуваат дел од суверенитетот

Од:

Германскиот канцелар Ангела Меркел денеска изјави дека земјите-членки на еврозоната мора да бидат подготвени да жртвуваат дел од суверенитетот и да дозволат контрола од европските институции во некои политички домени ако навистина сакаат да ја надминат својата должничка криза и повторно да ги привлечат инвеститорите.

Таа на семинарот во организација на „Дојче банк“ во Берлин истакна дека Европа мора да го пронајде патот кој ќе овозможи економски раст и цврсти финансии.

– Се чини дека успеваме да пронајдеме заеднички решенија дури во моменти кога ќе се најдеме над провалија.. Но, штом попушти притисокот, луѓето сакаат да одат по сопствениот пат. Мислам дека мораме подготвено да го прифатиме фактот дека Европа го има последниот збор за одредени области. Во спротивно нема да бидаме во состојба да продолжиме со нејзината изградба, посочи Меркел.

Нејзината изјава е два месеци пред состанокот на европските претставници во Брисел каде ќе се разговара за преземање на чекори кон така наречената фискална унија.

Би можело да ве интересира

Грузија ги прекина преговорите со Европската унија

А1он

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија