Германската канцеларка Ангела Меркел изјави денеска дека е загрижена поради изградбата на израелски населби на Запдниот Брег.
Таа оцени дека со тоа се продрива напредокот кон решение за две држави – за Израел и палестинските територии.
– Како и претходно, не гледам разумна алтернатива на целта за воспоставување решение за две држави. Многу сум загрижена од развојот на настаните на Западниот Брег, кој води кон ерозија на темелите на решението за две држави, изјави Меркел пред состанокот со палестинскиот претседател Махмуд Абас во Берлин.
Израел гради населби на територијата на Западниот брег и во Источен Ерусалим, територии кои Израел ги зазеде во војната од 1967 година и ги држи под своја контрола речиси 50 години, а на кои Палестинците сакаат да формираат своја држава и своја престолнина.