Репутацијата на германската канцеларка Ангела Меркел во очите на Германците не е нарушена и по американската шпиунска афера, од која ниту германската опозиција немаше корист.
Владејачката коалиција два месеци пред сојузните избори има предност и доби повеќе гласови, отколку сите три опозициски партии заедно, покажа анкетата на Институтот за истражување на јавно мислење на „Форс“, кои денес ги објави „Штерн“.
Угледот на Меркел не е нарушен со аферата, бидејќи кога Германците би можеле директно да бираат канцелар, за неа би гласале 57 проценти од избирачите, додека за нејзините противници би гласале 21 процент.
Германија се подготвува за сојузни избори, кои што се закажани за 22-ри септември и изборна кампања во која силно ќе се критикува и ветува и покрај летните одмори.
Елена Георгиевска