Меркел се закани со финансиски санкции кон Унгарија

Од:

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека Унгарија би можела да се соочи со финансиски санкции, доколку не ја почитува одлуката на Судот на ЕУ, кој реши дека Будимпешта мора да прифати одреден број бегалци согласно планот на Европската комисија за пререспределба на мигрантите меѓу земјите членки на Унијата.

– Секој кој не ја почитува солидарноста треба да знае дека тоа нема да мине без последици, вклучително и при преговорите за идната финасиска помош, изјави Меркел во интервју за весникот „Нордвест Цајтинг“ на една недела пред парламентарните избори во Германија, закажани за 24 септември.

Во врска со предлгот на Европската комисија за укинување на времните гранични конторли во рамки на Шенген зоната, Меркел изјави дека Германија засега не може да се откаже од контролите на нејзините граници.

– Се додека не обезбедиме сигурна контрола на надворешните граници (на ЕУ), ние имаме право да ја задржиме контролата на најважните премини на нашите внатрешни граници, смета Меркел.

Германија, заедно со Австрија, воведе контроли на своите граници во септември 2015 година, во екот на напливот на мигранти и беглаци преку Балканот кон западноевропските земји. Такви контроли подоцна воведа уште неколку земји членки на Шенген зоната.

Во интревјуто Мрекел оценува и дека исламскиот тероризам претставува закана за целиот свет, додавајќи дека и „меѓу бегалците има некои кои планираат терористички акти“.

– Поради тоа неопходно е да продолжиме да бидеме внимателни, заклучува Меркел.

Би можело да ве интересира

Социјалдемократската партија на Германија го предложи Шолц за кандидат за канцелар

Захарова ја обвини Германија дека ја препишува историјата во корист на Третиот рајх

Горан Наумовски

Германија составува список на бункери за итни засолништа за цивили, соопшти Берлин

Горан Наумовски

Сијарто: Не пристигна подобра понуда за замена на руската енергија

Шпигел: Пратениците на СПД не го сакаат Шолц за кандидат за канцелар туку Писториус

(ВИДЕО) Легендарниот Унгарец колабираше и почна да се тресе – натпреварот од Лигата на нации веднаш беше прекинат

Горан Наумовски