Меркел пристигна во Украина

Од:

Германската канцеларка Ангела Меркел пристигна во Киев на разговори за конфликтот со Русија, поради прорускиот сепаратистички бунт, јави ДПА.

Меркел е највисокиот западен лидер, кој ја посетува Украина од почетокот на кризата, која доведе до влошување на односите меѓу Русија и Западот.

Посетата на Меркел се случува пред одбележувањето утре на Денот на независноста на Украина и се толкува од Киев како знак на поддршка.

Меркел се очекува на средбата со претседателот на Украина Петро Порошенко да побара од него да ја омекне воената операција против сепаратистите.

Германската канцеларка е предвидено да се сретне и со премиерот на Украина, Арсениј Јаценјук и градоначалниците на различни региони на земјата, меѓу кои и на Доњецката област, која е бастион на сепаратистите.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми