Меркел предлага политика без никакво задолжување

Од:

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска предложи запирање на владината „црна нула“ политика, која значи политика без никакво задолжување, јави Дојче веле.

– Нема секој ден да се прашуваме што значи тоа за нашиот дефицит. Ова е посебна ситуација. Ќе го направиме она што е потребно, потенцираше Меркел.

На денешната прес-конференција за епидемијата на новиот коронавирус, на прашањето дали ќе се придржува до фискалниот план за избалансиран буџет, Меркел одговори дека берлин ќе направи сè што е потребно за да се забави ширењето на вирусот и да се сузбие неговото влијание врз најголемата европска економија.

– Видете, ќе го правиме она што е неопходно. Парламентарната Комисија за буџет веќе одобри дополнителни средства за здравствениот систем до милијарда евра, потенцираше германската канцеларка.

Во тој контекст таа укажа на финансиските резерви од околу 26 милијарди евра, кои би можеле да се употребат за финансирање на државна помош на компаниите кои спроведуваат режим на скратено работно време.

– Ќе направиме сè што треба за да го пребродиме ова. Потоа, на крајот, ќе утврдиме што тоа значи за нашиот буџет. Сега други работи се приоритет, истакна Меркел.

Би можело да ве интересира

Бајден ги измеша Ангела Меркел и Хелмут Кол кој почина во 2017 година

Катерина Ѓуровски

Меркел го доби највисокото германско државно признание

Пропаднатиот план на Меркел: Немав доволно моќ да го спречам Путин

Меркел предупредена дека премногу троши и дека има премногу вработени

Меркел: Не жалам за енергетската политика со Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Меркел: Заканите на Путин треба да се сфаќаат сериозно