Меркел: На Грција треба да и се даде повеќе време за излез од кризата

Од:

Германската канцеларка Ангела Меркел во емисијата „Форум Политик“ на германската телевизија „Фоникс“ зборуваше за актуелните политички и економски односи во Европа и светот и нагласи дека на Грција треба да и се даде повеќе време за излез од финансиската криза.

Меркел истакна дека јакнењето на конкурентноста меѓу европските земји е важен фактор за создавање стабилна и просперитетна Европа. Германската канцеларка нагласи дека солидарноста со земјите кои се соочуваат со економска криза, како што е солидарноста што ја покажува Германија, се важен фактор за решавање на проблемите.

Во однос на наводната американска шпиопнажа во Германија, Меркел изјави дека во германскиот парламент се сложни во однос на прашањето за зајакнување на германската тајна служба, како и дека е во тек истрага за ваквите тврдења.

Германската канцеларка нагласи дека се уште важи договорот од 2002 година потпишан меѓу германската разузнавачка служба и американската НСА, додавајќи дека е неопходно воспоставување заеднички систем за заштита на податоците во Европа.

Лидерката на германката Христијанско-демократска унија (ЦДУ) Меркел, ги негираше тврдењата на некои медиуми дека планира да се повлече од политичката сцена во 2016 година и нагласи дека со сите сили ќе излезе на следните избори.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Напаѓач со нож уби маж и дете, а рани неколкумина во Германија

Горан Наумовски

„Црниот мраз“ ја парализира Германија: Повеќе од 260 сообраќајки, затворени училишта и патишта

AfD подели илјадници лажни авионски билети на мигрантите за депортација

Ако не е произведено во Дубаи, не смее да се рекламира како „Дубаи чоколадо“, реши суд во Германија

Автобуска несреќа во Германија: Најмалку двајца загинати, има многу тешко повредени

АфД ја именуваше Алиса Вајдел за свој кандидат за канцелар на претстојните избори