Меркел ќе ги укине санкциите кон Русија, но бара исполнување на еден услов

Од:

Германската канцеларка Ангела Меркел порача дека во интерес на Германија е да се укинат санкциите кон Русија, но за тоа постои само еден услов.

-Кога ќе видиме напредок во согласност со Договорот од Минск, ќе ги намалиме санкциите, порача Меркел на состанокот со нејзините партиски колеги. `

Договорот од Минск е потпишан во истоимениот белоруски град во 2015 година со цел да се запре војната на истокот на Украина со отстранување на тешкото оружје од првата линија на боиштето.

Меркел нагласи дека и на Германија и на Русија им е во интерес да се укинат санкциите, но потсети и зошто тие беа воведени-анексијата на полуостровот Крим кој дотогаш беше дел од украинската територија.

Би можело да ве интересира

Калас: Русија претставува егзистенцијална закана за безбедноста на ЕУ

Трамп: Ќе воведам санкции кон Русија доколку Путин не се согласи на разговори за Украина

Небензја: Прекинот на огнот во Газа мора да биде чекор кон долгорочен мир

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Песков: Русија не испратила покани до никого во САД за Денот на победата

Небензија: Киев го нападна Турски тек