Германскиот канцелар Ангела Меркел изјави дека Кипар, државата на ЕУ која преговара за кредитна спогодба со меѓународните кредитори, не може да очекува специјален однос, пренесе БТА.
Кипарскиот претседател Димитрис Христофиас минатата недела изјави дека ќе го отфрли евентуалното барање на кредиторите за приватизација на државните компании, како дел од условите од спасувачкиот пакет.
На Кипар на 17 февруари ќе оддржат избори на кои Христофиас нема да се кандидира за нов мандат.
Германија е главен заговарач на барањата за строги услови во замена за спасувачките кредити.
Меркел пред новинарите денеска изјави дека „не може да има специјални услови за Кипар бидејќи имаме заеднички правила во Европа“.
-Далеку сме од крајот на преговорите за кредитната помош на Кипар, изјави уште Меркел.