Меркел и Путин со различни ставови за слободата на активности на НВО

Од:

Германскиот канцелар Ангела Меркел изрази денеска загриженост по повод контролата на руските власти врз невладини органзиации, и му нагласи на претседателот на Русија, Владимир Путин дека тие организации треба да работат слободно, јавија германски медиуми.

Путин денеска имаше средба со Меркел во Хановер. Посетата беше посветена на развојот на надворешната трговија на Русија и заздравувањето на руско-германските бизнис контакти.

Во одговор на критиката, Путин рече дека Русија има право да знае од каде идат парите за невладини организации и како се користат тие средства.

Меркел на заедничка прес конференција додаде дека НВО во Русија треба да работат слободно и без притисоци. Таа додаде дека активноста на сите руски НВО треба да биде согласно законите и оти „плурализмот треба да има место во секое општество“.

– Никого не ставаме под контрола, но сакаме да знаеме колку и преку какви канали и со каква цел идат пари во Русија од странство и сакаме да знаеме дали организациите што ги добиваат се занимаваат со внатрешно-политичка дејност, изјави Путин во Хановер.

Би можело да ве интересира

Небензја: Прекинот на огнот во Газа мора да биде чекор кон долгорочен мир

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Песков: Русија не испратила покани до никого во САД за Денот на победата

Небензија: Киев го нападна Турски тек

Руските сили елиминираа странски платеници: Меѓу жртвите и романски државјани

Русија: Тројца адвокати на Навални осудени на затворски казни

Горан Наумовски