Меркел и Монти: Ќе направиме се за да ја заштитиме еврозоната

Од:

Германската канцеларка Ангела Меркел и италијанскиот премиер Марио Монти се согласија дека потребно е да се стори се за да се заштити еврозоната.

Во телефонскиот разговор помеѓу Меркел и Монти стана збор за примената на договорот од самитот на ЕУ одржан на 28 и 29 јуни и двајцата забележаа дека тој треба да за започне на дело што порано.

Заедничкото соопшетние на Меркел и Монти доаѓа по ветувањето на лидерот на Франција, Франсоа Оланд и изјавата на шефот на Европската Централна Банка (ЕЦБ), Марија Драгхија кои го кажаа речиси истото, дека „ќе сторат се што е потребно за да се зачува еврото“.

Ниту еден од лидерите, сепак, не прецизира какви мерки ќе преземаат за да ја спасат еврозоната.

Во оваа пролика Меркел го повика Монти во август да го посети Берлин, а италијанскиот премиер ја прифати поканата.

Би можело да ве интересира

Koшта: ЕУ мора да биде вклучена во преговорите со Русија за завршување на војната во Украина

Ројтерс: ЕУ ќе му каже на Израел дека го поддржува враќањето на Палестинците во Појасот Газа

Трамп ги вклучи сите аларми во Европа: Макрон повика на итен состанок на лидерите на ЕУ во Париз

ЕУ: Попуштањето на Русија и пред преговори не е добра тактика

Калас: Кина ќе се смее на трговската војна меѓу САД и ЕУ

(ВИДЕО) Трговска војна со Канада и Мексико, Трамп потврди царини и за ЕУ, ја обвини Јужна Африка за расизам

Катерина Ѓуровски