Германија никогаш нема да биде неутрална кога станува збор за Израел, изјави германскиот канцелар Ангела Меркел.
– Грозоморните злосторства, кои Германија ги стори врз Евреите, предавството на цивилизираните вредности, како и холокаустот секогаш ќе бидат присутни и можеме да обликуваме иднина, чиј резултат ќе бидат специјалните односи меѓу Германија и Израел, рече Меркел во интервју, објавено во „Еврејски глас“ во Германија.
– Тоа значи дека ние никогаш нема да бидеме неутрални и дека Израел ќе биде сигурен во поддршката, кога станува збор за осигурување на безбедноста.
Затоа велам дека поддршката на Германија на израелската безбедност е дел од нашиот национален етос, нашиот раисон д етре, нагласи Меркел.