Меркел: Европа мора да покаже единство во време кога светот се реорганизира

Од:

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска во Минхен истакна дека е неопходно единство на Европа, сега кога „светот повторно целосно се реорганизира“.

Меркел, која како прва германска канцеларка присуствуваше на седницата на владата на покраината Баварија, на прес-конференција рече дека Европа значи „безбедност“ за Германија.

Таа истакна дека сè што се случува во Брисел за време на германското претседателство со ЕУ е многу важно.

– Светот во моментов се реорганизира. Тоа дека САД ја штитат ЕУ не е веќе нешто што се подразбира. Затоа, единството во Европа е поважно од кога и да е, порача Меркел.

На прашањето дали го поддржува премиерот на Баварија, Маркус Зедер за иден германски канцелар, Меркел потсети дека претходно најави дека нема да се кандидира на следните избори и дека сака да се дистанцира во однос на прашањето кој ќе биде нејзин наследник.

– Затоа не сакам да го коментирам тоа прашање, одговори Меркел.

Би можело да ве интересира

Земјите членки на ЕУ ќе мора да ги проверуваат инвестициите надвор од еврозоната

Рекордни количества плин купуваат европските земји од Русија

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји

Европа размислува да испрати 100.000 војници во Украина

Шолц: Европа ќе помогне во обновата на Сирија

Европските сили ветија безбедносни гаранции за Украина пред враќањето на Трамп на власт

Горан Наумовски