Меркел е против затворање на македонско-грчката граница

Од:

Германската канцеларка Ангела Меркел е против затворање на македонско-грчката граница. Тоа нема да ги реши проблемите, вели Меркел во интервју за „Штутгартер цајтунг“.

– Едноставно во Македонија, која не е членка на ЕУ, да се гради заштитна ограда, без притоа да се загрижиме во каква состојба тоа би ја довело Грција, би било не само неевропско однесување, туку тоа не би решило ниту нашите проблеми – тврди Меркел.

Меркел признава дека Грција не ги исполнува доволно своите обврски за заштита на надворешната граница на ЕУ, но според канцеларката – подобриот пат е да ѝ се помогне на земјата. Меркел е против идејата за Мини-Шенген како алтернатива за сегашниот простор без граници.

– Тоа би било тешко уназадување на ЕУ. Мора да претендираме со тоа да излеземе на крај на поинаков начин – нагласува Меркел за „Штутгартер цајтунг“.

Би можело да ве интересира

Германија го повика турскиот амбасадор на разговор поради прославата на Демирал на ЕУРО

Катерина Ѓуровски

Судир меѓу полицијата и демонстрантите на конгресот на АфД, не се знае дали има повредени

Горан Наумовски

Се зголемува бројот на антисемитски инциденти во Германија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во Германија: Полиција влезе во училишна зградата, учениците затворени во училниците

Горан Наумовски

ВИДЕО: Во Данска се гради најголемиот подводен тунел во светот

Германски полицаец загина, а друг е тешко повреден додека го обезбедувале Виктор Орбан

Горан Наумовски