Меркел: Договорот од Минск мора да се почитува

Од:

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска изјави дека Договорот за прекин на огнот во Источна Украина не се почитува и оти мора да се вложат напори за целосно спроведување на Договорот постигнат во февруари во Минск.

– Договорот за прекин на огнот не е во целост применет и тоа значи дека има се повеќе жртви, изјави Меркел на заедничката прес-конференција во Берлин со претседателите на Франција и на Украина, Франсоа Оланд и Петро Порошенко.

Меркел истакна дека прв и најважен услов е Договорот за прекин на огнот да стане реалност.

– Тоа што е договорено во Минск мора да се почитува. Овде сме за тој договор да се почитува, а не да се доведува под знак прашалник, истакна Меркел.

Таа упати и апел до западните лидери да ги решат несогласувањата со Русија за Украина, истакнувајќи дека се неопходни контактите со рускиот претседател Владимир Путин.

– Не ја исклучувам можноста за одржување на состанок на четирите страни, наведе Меркел, додавајќи оти постојат разлики во ставовите за решавање на украинската криза.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми