Меркел апсолутен фаворите за канцелар

Од:

Доколку в недела би се одржале избори Демохристијанската унија (ЦДУ) на чело со канцеларот Ангела Меркел би добила 42 отсто од гласовите и заедно со сегашнииот коалициски партнер, либералите, за кои би гласале пет отсто од Германците, би освоиле мнозинство потребно за формирање Влада. Ова го покажа денешната анкета на Институтот за истражување на јавно мислење „Форса“.

На речиси половина година пред сојузните избори силните демохристијани заедно со помалиот партнер според резултатите од анкетите покажуваат дека по третти пат би можеле да продолжат да владеат, додека опозициската Социјалдемократската партија (СДП) и канцеларискиот кандидат Перт Штајнбрик и натаму не можат да излезат од зоната на лоша популарност, пренесува „Танјуг“.

За СПД би гласале 23 отсто од гласачите, процент повеќе од минатата недела, за Зелените 14 отсто, процент помалку и за Левицата седум отсто процент помалку од минатата недела. Ова покажува дека трите опозициски партии би можеле да ја добијат довербата на 44 отсто од гласачите.

Доколку Германците својот канцелар би можеле директно да го изберат, за Меркел би гласале 57 проценти, а за Штајнбриг само 19 отсто, додека на 24 проценти од анкетираните не им се допаѓа ниту еден од кандидатите. На германското политичко небо се појави и нова антиевро партија, „Алтернатива за Германија“ за која шефот на Форса Манфред Гилнер смета дека за сега не може да и наштети на коалицијата.

Би можело да ве интересира

„Црниот мраз“ ја парализира Германија: Повеќе од 260 сообраќајки, затворени училишта и патишта

AfD подели илјадници лажни авионски билети на мигрантите за депортација

Ако не е произведено во Дубаи, не смее да се рекламира како „Дубаи чоколадо“, реши суд во Германија

Автобуска несреќа во Германија: Најмалку двајца загинати, има многу тешко повредени

АфД ја именуваше Алиса Вајдел за свој кандидат за канцелар на претстојните избори

Протести против АфД во Германија, полицијата употреби солзавец против демонстрантите