Мерц: Украина не треба да влезе во НАТО или во ЕУ додека е во војна со Русија

Од:

Идниот германски канцелар Фридрих Мерц изјави дека Украина не треба да влезе во НАТО или во Европската Унија додека е во војна со Русија.

Во вчерашното интервју за Ханделсблат, Мерц нагласи дека воениот статус на Украина го прави нејзиниот пристап во НАТО и ЕУ невозможен во оваа фаза, објави Киев Индипендент.

„Украина е многу голема европска земја, но е и земја во војна“, посочи Мерц, додавајќи дека земја во војна не може да стане членка на НАТО или на Европската Унија.

Тој потврди дека иднината на Украина е во двата сојузи, но инсистираше на тоа дека прво мора да завршат непријателствата.

– Ветувањето за приклучување во Европската Унија останува на сила, како и перспективата за влез во НАТО, рече Мерц, додавајќи дека за да се случи едно или друго, војната прво мора да заврши.

Германија е вториот најголем воен донатор на Украина по САД. На 14 март одлучи да додели три милијарди евра нова воена помош за Украина.

Би можело да ве интересира

Германец четири години го криеше телото на мајка си – на креветот стави кукла

А1он

Жена во Германија седна на клупа и почна да плаче – доби казна од 25 евра

А1он

Мелони бара објаснување од Зеленски: Кои западни сојузници знаеле за нападот во Бенгази?

Павел: Ограничена руска воена операција би можела да го загрози единството на НАТО

(ВИДЕО) „Телеграф“: Зеленски издаде надерба да се уништи „гордоста на Путин“

Русите нападнаа деловни згради во Украина, има загинати

Горан Наумовски