Мерц удри по САД: Не се мешајте

Од:

Новиот германски канцелар Фридрих Мерц ја критикуваше американската администрација за мешање во внатрешните работи на Германија, но во исто време најави телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп, во четврток.

„Не се мешав во изборната кампања пред американските избори, ниту ги поканив граѓаните да гласаат за оваа или онаа партија, а истото го очекувам и од американските политичари“, рече Фридрих Мерц во интервју за јавната телевизија ЗДФ.

Мерц ги критикуваше неодамнешните изјави на американскиот потпретседател Џеј Ди Венс и државниот секретар Марко Рубио, кои го осудија назначувањето на партијата Алтернатива за Германија (АфД) како екстремно десничарска организација.

Рубио зборуваше за „тиранија“ во Германија.

„Тоа е целосно апсурдна перцепција за Германија“, рече Мерц.

Советникот на американскиот претседател, Илон Маск, во неколку наврати ја поддржа АфД пред германските избори на крајот на февруари.

Мерц најави и дека сака што поскоро да се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп.

„Не се познаваме лично, но ќе разговараме отворено“, изјави новиот германски канцелар.

Би можело да ве интересира

Мерц: Русија се плаши од демократија, го потценуваат руското влијание врз нашите општества

А1он

Мерц: Ги поддржувам украинските напади врз руските енергетски постројки

А1он

Мерц го призна дебаклот: Резултатот е катастрофа, ЦДУ е згмечена меѓу СПД и АфД

А1он

Според 78 отсто од Германците, Мерц не е вистинската личност за канцелар

А1он

„Политико“: АфД пред историска победа – Мерц се соочува со „политичко понижување“

Мерц: Европа и САД го усогласија својот став за Украина