Мерц: Сите згрешивме во врска со Путин

Од:

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека европските лидери погрешно ја процениле руско-украинската криза и рускиот лидер Владимир Путин.

Сите ние згрешивме во врска со Владимир Путин. Вистината е дека јас секогаш бев скептичен. Но требаше и јас побрзо да ја сфатам заканата, многу пред неговиот напад на Украина – во 2014 година, кога ја изврши инвазијата на Крим. А можеби и уште во 2008 година, кога ја нападна Грузија, рече тој.

Мерц укажа на историските размери на она што се случува, напоменувајќи дека Путин со агресијата врз Украина „ја нападна втората најголема земја по површина на европскиот континент“.

Тој исто така предупреди дека Европејците со години ќе се соочуваат со овој „авторитарен режим кој повеќе не ја почитува рамнотежата што порано постоеше“.

Мерц неодамна го нарече рускиот лидер „најголемиот воен злосторник на нашето време“.

Би можело да ве интересира

Мерц: Русија се плаши од демократија, го потценуваат руското влијание врз нашите општества

А1он

Мерц: Ги поддржувам украинските напади врз руските енергетски постројки

А1он

Мерц го призна дебаклот: Резултатот е катастрофа, ЦДУ е згмечена меѓу СПД и АфД

А1он

Според 78 отсто од Германците, Мерц не е вистинската личност за канцелар

А1он

„Политико“: АфД пред историска победа – Мерц се соочува со „политичко понижување“

Мерц: Европа и САД го усогласија својот став за Украина