Мерц: Сакам коалиција со СПД, ќе почнеме преговори во следните неколку дена

Од:

Лидерот на германската Христијанско-демократска унија (ЦДУ) и најверојатно иден канцелар на Германија, Фридрих Мерц, денеска изјави дека сака да коалицира со Социјалдемократската партија (СПД) и дека во наредните денови ќе започне „конструктивни, добри и брзи“ преговори. Тој на прес-конференција во Берлин рече дека има намера до Велигден да формира нова влада.

Мерц оцени дека миграцијата, економијата и одбраната се клучни теми за преговорите со СПД, пренесува Ројтерс.

– Ние Европејците мора брзо да бидеме способни да дејствуваме брзо, особено кога станува збор за одбраната, рече тој, додавајќи дека прашањето за безбедноста „има апсолутен приоритет во наредните недели“.

Би можело да ве интересира

Британија, Франција и Германија: Може да преземеме неопходни одбранбени мерки против Иран

Нова главоболка за Мерц: Зелените бараат итна истрага за „германска поврзаност“ во аферата Епштајн

Кина ги престигна САД

Лидерката на германската десница: Мирот во Европа е можен само со Русија, Британците се виновни за крвопролевањето

Мерц: Нема да дозволиме AfD да ни ја уништи земјата

Германски генерал: Светот се распаѓа по рабови – ако е во можност, Путин ќе употреби воена сила врз Европа

А1он